Чуда во Ноќта на вештерките, Леброн беше и на паркетот и на трибините, кроткиот Дурант беше исклучен (Фото+Видео)

Во Ноќта на вештерките или популарниот Haloween што се славеше ноќеска се имаше чудни моменти на дуелите меѓу Лос Анџелес лејкерс и Хјустон рокитс и Бруклин нетс и Детроит пистонс.

Се појави фотографија која е интересна и на која Леброн Џејмс е прикажан во дрес на теренот, но и со фигура на трибината во ноќ на чудните костими што се главен белег на Ноќта на вештерките.

На терен домаќините предводени од Џејмс славеа со 95:85. Леброн постигна 15 поени со 7 скока и 8 асистенции, а пред него кај Лејкерс беа Кармело Ентони со 23 поени, Расел Вестбрук со 20 поени 8 скока и 9 асистенции и Ентони Дејвис со 16 поении 13 скока.

Гостите од Хјустон пристигнаа со интересни маски по повод Haloween, но на крајот не им беше за славење по петтиот пораз во шест меча на стартот од НБА-сезоната.

На дуелот меѓу Бруклин нетс и Детроит пистонс, што убедливо со 117:91 го добија Мрежичките, беше исклучен Кевин Дурант. Познат како кроток човек и кошаркар, Дурант направи намерен фаул над Олиник и мораше да замине предвреме од паркетот.

Интересно е што Дурант се спаси од исклучување и на претходниот меч на Бруклин, против Индијана пејсерс, кога по фаул над него, го фрли баскетот на трибините, прекршок за кој се добива исклучување, но судиите му го простија прекршокот.

Шампионот Милвоки бакс игра скоомно на стартот од сезоната, ноќеска загуби со 95:107 од Јута џез и има негативен биланс од 3-4 на првите 7 меча во сезоната во која Елените ја бранат титулата.

Резултати: Л.А. лејкерс – Хјустон 95:85, Милвоки – Јута 95:107, Бруклин – Детроит 117:91, Шарлот – Портланд 126:113.

- Оглас -

Најнови вести