Во Селтик веќе нема предизвик, Роџерс го презема кормилото на Лестер

Брендан Роџерс во текот на денот ќе биде претставен за нов менаџер на Лестер, откако управата на Селтик му дозволи да преговара со „лисиците“. Иако ваков потег не се очекуваше од Северноирецот, да ја напушти клупата на шкотскиот првак само на шест кола пред крајот на шампионатот во Шкотска, каде што Селтик е на чекор до одбрана на титулата со осум бода предност во однос на ривалот Глазгов ренџерс.

Очигледно повеќе не му е предизвик да биде тренер на Селтик, Роџерс со нив освои седум национални трофеи во изминативе три години: две шампионски титули, два трофеи во Купот и три пати го подигна пехарот во шкотскиот Суперкуп.

Ексменаџерот на Ливерпул ќе го замени Клод Пуел, кој завчера доби отказ по убедливиот пораз од Кристал палас на домашен терен (1-4).

Со Роџерс доаѓа и дел од стручниот штаб, Крис Дејвис и Коло Туре, а доколку документацијата се заврши навреме, Роџерс уште вечерва ќе може да дебитира на клупата на „лисиците“. Лестер на „Кинг Пауер“ го пречекува Брајтон во рамките од 28-то коло во Премиер лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести