Во своите последни мигови, Марадона испратил порака до човекот кому не му беше грижа дали е жив или мртов (видео)

Диего Армандо Марадона почина на 25 ноември минатата година на 60-годишна возраст, а според обдукцијата, утврдено е дека легендарниот Аргентинец починал од срцев удар.

Неколку дена откако се појави шокантниот аудиозапис во кој докторот на Марадона, Леополдо Луке, покажува колку всушност не се грижел за неговиот пациент, се појави видео од последните мигови на Диего, во кое му испраќа порака токму на Луке, а ова се случило по операцијата.

„Здраво Луке. Малку сум исечен, но сè е во ред. Знаеш дека не сакам интимни моменти, но кога сум покрај добри луѓе, тогаш го спуштам одбранбениот штит. Ти праќам бакнежи Луке, Леополдо Хасинто Луке“, се последните зборови на Марадона до човекот кому не му беше грижа дали е мртов или жив.

- Оглас -

Најнови вести