(Вознемирувачко видео) Еден од работниците кои се фотографираа со телото на Марадона, најден мртов во контејнер

Еден од работниците во погребалната служба кој се фотографираше со мртвото тело на Диего Марадона, наводно е убиен. Сцената е толку морбидна што телото од работникот е најдено во контејнер, а според видеото подолу се забележуваат и физички повреди на главата.

Сепак, уште нема официјална потврда дека станува збор токму за еден од работниците кои изминативе денови трпеше бројни смртни закани поради глупоста што ја направи пред погребот на аргентинската фудбалска икона.

Во меѓувреме, работниците кои се фотографираа со телото на Марадона пред погребот добија отказ од погребалната служба.

- Оглас -

Најнови вести