Враќањето на Грифин може да значи победа на Детроит

Лос Анџелес клиперс – Торонто репторс (кошарка, НБА, 04.30 часот)

Кавај Ленард првпат ќе игра против тимот со кој во минатата сезона ја освои титулата и беше МВП на финалето. Торонто и сезонава игра добро, иако летоска остана без Ленард, кој сакаше да се врати во родниот крај. Репторс синоќа славеше против Лејкерс, и тоа без Лаури и Ибака, па се чини дека би било премногу ако слави два дена по ред против тимовите од Лос Анџелес. Домашните се фаворити, а прогнозираме дека барем едниот тим ќе даде 104 или помалку поени.

Предлог тип: Т1/Т2 <104.50 (2.10)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Хјустон рокетс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Пеликаните имаат 2-7, а Ракетите 6-3, па јасно е дека кај овој пар двојката е пореална отколку единицата. Хјустон има три победи по ред, Харден влегува во ритам, има поддршка од Вестбрук. Хјустон има три победи по ред во Њу Орлеанс, а во март 2015 последен пат дадоа помалку од 100 поени на ова гостување каде што играат двапати во сезона.

Предлог тип: 2 (1.58)

 

Детроит пистонс – Минесота тимбервулфс (кошарка, НБА, 01.00 часот)

Појавувањето на крилниот центар Блејк Грифин е огромен плус за Пистонс, иако веројатно нема да има преголема минутажа бидејќи штотуку закрепна. Повреден е Дерик Роуз и тој нема да игра. Детроит ги доби двете битки со Волците во минатата и предминатата сезона затоа што успеаја да го запрат Карл Ентони Таунс. Минесота четири и пол години не ги победила Клиповите, па затоа ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: 1 (1.87)

 

Бостон селтикс – Далас маверикс (кошарка, НБА, 01.30 часот)

Овој меч ќе биде показател како Бостон може да игра без крилото Гордон Хејворд. кој ја скрши раката. Неговиот придонес ќе фали, но тоа е шанса за некој од останатите да избие во преден план. Селтикс е лидер на Истокот, има серија од седум триумфи едноподруго, а ваква серија синоќа заврши за Лејкерс. Далас е на 6-3, но одамна нема победено во Бостон, каде што во последните години не успева да даде над 100 поени. Сепак, треба да се знае дека Маверикс нема гостински пораз сезонава.

Предлог тип: Тејтум >19.5 (1.87)

 

Вашингтон капиталс – Аризона којотс (хокеј, НХЛ-лига, 01.00 часот)

Вашингтон влезе во посакуваната форма, нареди шест победи по ред, а Којотите имаат три порази по ред, па ова делува како чист „кец“. Капиталс нема пораз уште од 14 октомври и е најефикасен тим во лигата. На гостите им треба победа, но распоредот не им оди во прилог, неделава имаат три гостувања, од кои две кај последните два шампиони на НХЛ. На последните четири меѓусебни дуели на овие тимови во Вашингтон паѓаа по пет гола.

Предлог тип: 1 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести