Вреди да се погледне. Чудни одлуки, сомнителни пенали и црвени картони, неверојатен автогол и прекрасни голови (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Мец и Генгам од француската втора лига привлече големо внимание откако домаќините добија три црвени картони, беа досудени два сомнителни пенали за гостите кои на крајот победија со 6:3.

Се појави и официјалниот хајлајтс од средбата, а тоа што го пишувавме вчеравечер, всушност речиси и да не било ништо околу тоа што се случувало.

Два црвени картони за домаќините во најмала рака се сомнителни, како и едниот од двата пенали. Но, покрај скандалите, видовме и навистина неверојатни голови. Автоголот за домаќините во втората минута вреди да се погледне неколку пати, а имаше и уште неколку мајсторски погодоци коишто не смеете да ги пропуштите.

Вреди да одвоите речиси пет и пол минути за овој хајлајтс, кој можете да го погледнете со кликање на ОВОЈ ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести