Втор најплатен кошаркар е во НБА и може да си преседи на клупа цела сезона со плата од 44 милиони долари

Џон Вол е вториот најплатен кошаркар во НБА-лигата со годишна плата од над 44 милиони долари и може да се случи да ги заработи парите со седење на клупата за резерви цела сезона.

НБА-лигата почнува задутре, а Хјустон рокитс објавија дека не сметаат на Вол во новата сезона, па тој може да замине во друг клуб или да си одмори на клупата за резерви со огромни приходи од точно 44.310.840 долари.

Најплатен кошаркар на светот е Стефон Кари од Голден стејт вориорс со годишна плата од околу 46 милиони долари, а има уште петмина со него и Вол што ја минуваат границата од 40 милиони на годишно ниво.

Трет е Расел Вестбрук, новото засилување на Лос Анџелес лејкерс со 44.211.146 долари, по него е Џејмс Харден од Бруклин нетс со 43.848.000, а Топ-5 го заокружува Демиен Лилард од Портланд трејлблејзерс со годишна плата од 43.750.000 долари.

Леброн Џејмс од Лос Анџелес лејкерс ја предводи втората петорка најплатени кошаркари во најсилната лига на светот со годишна плата од 41 милион и двеста илјади долари.

Кевин Дурант од Бруклин нетс е последниот на листата со над 40 милиони долари на годишно ниво, со плата од 40 милиони и 920 илјади долари.

По 39,3 милиони долари добиваат Јанис Адетокумбо, кој ќе ја брани титулата со Милвоки бакс, и Пол Џорџ од Лос Анџелес клиперс, а број 10 е Клеј Томпсон од Голден стејт вориорс со 38 милиони долари годишна плата.

 

- Оглас -

Најнови вести