Второто сценарио најпогодно, ќе се игра фудбал во Македонија

Од трите предлози кои ФФМ денес ги презентираше на прволигашите, вториот е најподоген како начин да се доигра сезоната 2019/20 во ПМФЛ. Прекинатиот шампионат да се заврши со доигрување на преостанатите четири кола од третиот круг, потоа екипите ќе се делат во плеј-оф и плеј-аут фаза, но ќе нема испаѓање, што подразбира и евентуално проширување на лигата на 14 екипи за следната сезона.

Мнозинството екипи го избраа токму овој предлог, а рестартот на сезоната е предвиден за средината од јуни.

Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести