За Драган 13 е среќен број, Ливерпул му донесе победа на Среќна 13-ка за јануари и 120.000 денари

Драган Спасовски од скопско Долно Лисиче е победник на јануарската етапа на промотивната игра на Sport Life, Среќна 13-ка, а за тикетот со фатени 13 парови со поединечни квоти над 1.40, и погоден вкупен коефициент од 3.115, тој си доби 120.000 денари.

За Драган не е ништо ново да победи во некоја од промоциите на Sport Life, беше најдобар и во Типстер купот во октомври 2022 година, кога доби 100.000 денари.
Тој ни откри дека редовно се обложува и дека Ливерпул му помогнал да стане најдобар на Среќна 13-ка.

„Најчесто на моите тикети има фудбал и кошарка, а се обложувам и на ракомет, еве сега кога беше Европското првенство играв и ракомет. Кога го уплатив тикетот со парови, нормално дека се надевав дека ќе биде добитен, но ме спаси Ливерпул против Борнмут. Таа ми беше последна за чекање. Го имав играно 4+ голови, а на полувреме беше 0-0. Во второ полувреме дадоа четири гола, четвртиот гол падна во 93-та минута и така тикетот стана добитен. Ете за моја среќа, требало да биде“, ни раскажува Драган.

Второто место за јануари го освои Ангел Савовски, за што си заработи 60.000 денари, а третопласираниот Лазар Стоилов добива 20.000 денари.

Овој успешен обложувач нема некоја конкретна тактика, а се обложува и на помали и на поголеми суми.

„Мора да фрлиш повеќе ако сакаш сериозни добивки. Со 30 или 50 денари може цел живот да играш и да не добиеш, тоа е само лажење, и играње од забава. Играм и на помали суми, но уплаќам и поголеми суми за сингл. Играм и на точен резултат. Лани се бркавме за играта со станот, но победникот ми избега преку ноќ. Гледам, следам редовно, тоа е наука, ако не пратиш, ништо. Предизвик ми е да играм, сакам да се натпреварувам, не штедам пари. Го играм Типстер купот, и Спортска прогноза играм, но малку поретко“, објаснува човекот на кој објектот на Sport Life му е најблиску до дома од обложувалниците и тоа му е омилено место за уплаќање тикети, што се покажува како успешна комбинација.

- Оглас -

Најнови вести