За „влакно“ избегната несреќа: Погледнете што фрлаат хулиганите во Колумбија кон противничките фудбалери (ВИДЕО)

Вчеравечер светската фудбалска јавност остана шокирана по шишето со вода кое навивач на Лион го фрли кон Дмитри Паје.

Во Колумбија хулиганите отидоа на едно скалило погоре за екстремност.

На дербито меѓу Атлетико насионал и Милонариос, домашните фанови фрлија скалпел кон Даниел Руиз.

Тој, идентично како и Паје, отите да изведе корнер, по што долетаа неколку предмети од трибините, а по неколку секунди почна да се држи за раката којашто беше погодена од скалпелот.

За среќа, тој мина без никакви последици, а навивачите и самиот клуб Атлетико Национал ќе минат со голема казна.

- Оглас -

Најнови вести