Забегана работа: Втрча на терен, за да го „запроси“ Меси (Видео)

Еден од најпознатите „страјкери“, Витали Здоровецки повторно „нападна“ и тоа на дуелот меѓу Аргентина и Холандија во четвртфиналето на СП во Катар. Американскиот Јутјубер кој е со потекло од Украина, во свој стил втрча на теренот во Катар и го прекина мечот, пред да биде исфрлен од теренот, од неколку луѓе на обезбедувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vitaly (@vitalythegoat)

Кога го прашаа Витали зошто влегол на теренот, тој извади прстен и во шега рече „Сакав да го запросам Меси“.

Витали прв пат се прослави на СП во 2014 година кога втрча на теренот за време на финалето меѓу Германија и Аргентина. Потоа втрчуваше на терени и на други значајни спортски настани.

Прославено е и влегувањето на неговата тогашна девојка Кинсли Волански на финалето од Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем и уште неколку спортски настани.

 

 

- Оглас -

Најнови вести