Зад ова луто лице и агресивниот пристап се крие човек кому љубовта кон фудбалот му е на прво место

Џенаро Гатузо како фудбалер важеше за груб играч од кого се плашеа и најдобрите виртуози. Како косач газеше по тревата и не дозволуваше противник лесно да помине покрај него, а строгата дисциплина ја покажува и како стратег.

Сепак, зад тоа луто лице се кри човек кому љубовта кон најпопуларниот спорт му е на прво место, додека пак парите кои ги заработува апсолутно не му се мотив за да го трпи стресот. Гатузо во неколку наврати покажа дека е џентлмен, а последното што го направи ја воодушеви јавноста.

Имено, Гатузо ќе се откаже од дел од платата во Наполи со цел да се финансира договорот на рекордното засилување Виктор Осимен. Напаѓачот на Лил ќе биде големиот ангажман на Наполитанците во летниот преоден рок, за кого моменталниот вицепрвак ќе издвои до 50 милиони евра во кеш и плус ќе им даде играч на Данските доги.

На Рино не му е првпат да се откаже од примања за доброто на клубот. Во мај 2019 година Гатузо го раскина договорот со Милан и одлучи да не ги бара преостанатите 90% од договорената плата која требаше да му се исплати за предвремен прекин на соработката. За време на кризата со корона-вирусот, Гатузо неколкукратно ја доделуваше месечната плата за да се покријат трошоците на вработените, што покажува дека секогаш клубот го става на прво место.

- Оглас -

Најнови вести