Сензација, па заслужено победничко селфи – Го освоија Тетово кога никој не очекуваше (Фото)

Победничко селфи и голема радост на играчите на Пелистер по сензационалната победа против Шкендија во последното коло во Првата македонска лига во 2020 година.

Битолчани неочекувани први ја поразија Шкендија сезонава, а јунак на мечот е Борче Маневски. Искусниот ветеран погоди во 90-тата минута и го нокаутира лидерот во Тетово.

Триумфот е исклучително значаен за Пелистер во битката да се избегне опасната зона за испаѓање, па и радоста е голема, а победничкото селфи од Тетово апсолутно заслужено.

Шкендија остана лидер по 19 кола со 39 бода, а Пелистер од 10-тата позиција со 18 бода го чека продолжението на првенството во февруари идната година.

- Оглас -

Најнови вести