Жиру е голгетерски ѓавол, Милан конечно победи (Видео)

Милан го победи Торино со 1-0 во првиот меч од 22-рото коло во италијанската Серија А, и Росонерите конечно ја прекинаа црната серија од 40-тина дена без победа. После три порази по ред, дојде победата која барем привремено ги качи на трето место.

Претходниот триумф на Милан беше на 4-ти јануари против Салернитана, а вечерва трите бода им ги донесе Французинот Оливие Жиру кој одлично реагираше со глава по нафрлувањето на сонародникот Тео Ернандес.

Златан Ибрахимовиќ беше на клупа и не влезе во игра, а Милан прослави јубилеј, 3.000-ти меч за клубот во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести