Зидан не дозволува да се прави драма: Нема проблем меѓу Бензема и Винисиус

Зинедин Зидан не сака да се прави драма од малиот инцидент во кој беа инволвирани Карим Бензема и 12 години помладиот Винисиус. Бензема за време на паузата од ремито против Менхенгладбах во ЛШ, беше фатен на камери како им вели на соиграчите да не му додаваат на младиот бразилски офанзивец, ситуација која Зидан ја окарактеризира како нормална и често се случува во фудбалот.

„Нема проблем меѓу Бензема и Винисиус. Такви работи се нормални во фудбалот. Мене исто ми се случувало соиграчите да не ми додаваат топка, па и јас сум правел така. Најважно е што тие двајца го решија проблемот со нормален разговор како колеги и го оставија инцидентот зад себе. Познато ни е дека медиумите сакаат да креваат прашина во вакви ситуации, но факт е дека се случува почесто отколку што си мислите и е сосема нормално“, посочи Зидан во пресрет на дуелот против Уеска од осмото коло во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести