Зидан нема вистински наследник, Енцо потпиша за слаб тим во Португалија

Енцо Зидан, постариот син на тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан, е нов играч на Авес во Португалија. Енцо, кој има 24 години, во периодот од 2014 до 2017 година играше за тимот Б на Реал Мадрид, а потоа една сезона беше позајмен играч во Алавес.

Откако ни во Алавес не се снајде најдобро, Енцо потпиша за швајцарскиот второлигаш Лозана спорт, но потоа веднаш беше даден на позајмица во третолигашот во Шпанија, Рајо Маџадахонда. Минатата сезона одигра 34 меча, но не го продолжи договорот.

Сега, како слободен играч, Енцо Зидан замина во Авес и потпиша договор на две години. Колку за потсетување, минатата недела вториот син на Зинедин, Лука Зидан, мораше да си замине од Реал Мадрид. Лука, кој е голман, беше даден на позајмица во второлигашот Расинг Сантандер.

https://twitter.com/foetball247/status/1150795423386341377

https://twitter.com/foetball247/status/1150795423386341377

- Оглас -

Најнови вести