Зидан слепо им веруваше на Марсело и Иско, а тие му завртеа грб

Реал Мадрид е во криза, не успеа да победи против многу послаби тимови во лигата, потоа дојде поразот во Суперкупот од Атлетик, а капак е синоќешната елиминација од Купот, и тоа од третолигашки клуб кој кога го даде победничкиот гол, имаше еден играч помалку на теренот. Покрај тоа, го испрати Јовиќ на позајмица, слична судбина го чека и Одегард, а тие беа меѓу ретките млади и свежи играчи во тимот. Но, и покрај сите овие разочарувања и проблеми, тренерот Зинедин Зидан останува на клупата до крајот на сезонава.

Како негови наследници се спомнуваат клупската легенда Раул, кој го води вториот тим, и сега се појавува името на Аргентинецот Марсело Галјардо, кој го води Ривер плејт. Но тоа се само шпекулации, којзнае до јуни уште што ќе се случува, а летово има и претседателски избори во Реал.

Сликата како Зинедин Зидан не сака да разговара со своите фудбалери по завршувањето на регуларните 90 минути и насмевките на лицата на Иско и Марсело пред почетокот на продолженијата укажуваат дека нешто не штима во белиот оркестар.

Зидан никогаш во кариерата, ни како играч, ни како тренер, нема освоено национален Куп, па за него синоќешниот пораз од Алкојано не е срамен.

Сезонава стана традиција Реал да киксира кога на терен се Марсело и Иско. А, токму Зидан кога го вратија на клупата, инсистрираше на нивно останување, откако претходникот Сантијаго Солари ги стави во втор план и место нив ги форсираше Серхио Регилон, кој замина во Тотенхем, и Маркос Љоренте, кој сега блеска во Атлетико и игра поофанзивно отколку во Реал.

Се покажува дека Солари бил во право кога ги тргна настрана Иско и Марсело, кои веќе никогаш нема да ги прикажуваат игрите како во сезоните кога Реал трипати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите. Зидан им веруваше, а тие се смеат додека тимот се мачи и го озборуваат.

- Оглас -

Најнови вести