Зверев без многу мака го освои тениското злато во Токио

Александер Зверев го освои златниот медал на тенискиот турнир во Токио во машка конкуренција, откако Германецот лесно го надигра Карен Хачанов по два сета со 6-3, 6-1 во големото финале. Русинот ќе мора да се задоволи со среброто, бидејќи не се покажа како достоен противник за третиот светски рекет.

Зверев до првиот брејк стигна во третиот гем што му го отвори патот за водство, па со уште еден украден сервис го освои првиот сет по 44 минути игра. Германецот експресно стигна до 5-0 преку два нови брејка и го чекаше гемот да севира за победата, за која му требаше само една меч-топка.

За потсетување, Карено-Буста вчера го освои бронзениот медал совладувајќи го првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ во мечот за трето место.

 

- Оглас -

Најнови вести