Ѕвезда ќе биде казнета за навредите кон Ибра и полната ложа на меч без публика

Српскиот фудбалски првак Црвена ѕвезда, речиси сигурно ќе биде казнет за пропустите во организацијата на натпреварот со Милан. Иако официјално немаше публика и трибините беа празни, сепак ложата на „Рајко Митиќ“ беше преполна и од таму имаше бука и навивање, не се држеше дистанца, а капак беа и навредите на верска основа кои му беа упатени на Златан Ибрахимовиќ.

Во ложата имаше новинари, клупски претставници, но и Делии кои навиваа.

Од Црвена ѕвезда се огласија со соопштение, во кое најостро ги осудуваат навредите кон Ибрахимовиќ и сметаат дека тоа е гест на примитивен поединец. Клубот во соработка со надлежните органи работи на пронаоѓање на човекот кој го навредуваше Златан и ќе бара казна за него, а му се извини на Швеѓанецот за непријатноста.

- Оглас -

Најнови вести