Ѕвездата на Ајакс доаѓа во Барселона за 75 милиони евра

Френки де Јонг, фудбалерот на Ајакс, би можело до крајот на оваа недела да направи трансфер во Барселона. Според шпанскиот „Ас“, преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и сѐ треба да се финализира во наредните неколку дена.

За Де Јонг интерес покажуваат и Манчестер сити и Пари Сен Жермен, но според најавите, Барселона официјално на 12-ти јануари ќе го објави овој трансфер. Се очекува каталонскиот гигант да плати 75 милиони евра за да го донесе талентираниот играч од Ајакс, кој иако има само 21 година, веќе забележа пет настапи во националниот тим на Холандија.

Неодамна, заминувањето на Де Јонг од Ајакс го најави и фудбаскиот директор на холандскиот гигант, Марк Овермарс.

„Мислам дека наскоро ќе донесеме одлука, но дотогаш Де Јонг треба да биде фокусиран на настапите за Ајакс“, рече Овермарс, кој во играчката кариера го носеше дресот на Барселона.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести