Ренџерс му кројат иста мерка на лутиот ривал во Битката за Њујорк

Њујорк ајландерс – Њујорк ренџерс (НХЛ, 01 часот)

Нова жестока хокеарска „Битка за Њујорк“ се очекува меѓу двата локални ривали, а претходната убедливо ја добија Ренџерите.

Пред две ноќи со спектакуларна претстава Ренџерс ги декласираа островјаните со 6:2 во меч што имаше се што ја прави НХЛ лигата една од најдобрите професионални лиги на светот.

Летаа остри стартови, имаше дури 88 минути исклучувања на двете страни, имаше и атрактивни акции, голови, а хокеарите на Њујорк ренџерс многу подобро се снајдоа и го декласираа ривалот.

Ноќеска Ајландерс ќе имаат предност да играат на домашен терен, но ќе мора да најдат рецепт за противигра и да одговорат на брилијантната тактика што ја подготви Дејвид Квин на претходното дерби.

Ние ќе типуваме дека Ренџерс повторно нема да загубат и дека ќе бидат многу блиску до трофејот Пат Ла Фонтејн.

Предлог тип: Х2 (1.71)

 

Филаделфија флаерс – Монтреал канедиенс (НХЛ, 01 часот)

Филаделфија забележа многу значајна победа мината ноќ и успеа по продолженија со голот на Ворачек да го надигра шампионот Сент Луис и тоа на гостински терен.

Претходно на пенали го победи и силниот состав на Бостон, па во победничко расположение го чекаат најтрофејниот тим во НХЛ, Монтреал.

Распоредот за Флаерс во овој период е тежок, но успешно ги асполвираа сложените тестови против екипи со големо реноме во НХЛ лигата.

Ноќеска ќе се обидат и по третпат сезонава да го победат Монтреал, откако на двапати славеа против 24-кратниот првак во дуели што беа решени во дополнителното време.

Ќе типуваме дека овојпат нема да се игра повеќе од стандардните три периоди по 20 минути, а исходот ќе биде во корист на Филаделфија.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

Девон Букер (НБА, Њујорк никс – Феникс санс, 01.30 часот)

Бекот шутер на Феникс игра извонредно, откако се врати на паркетот по повредата и на последните 7 меча има просек од 31.3 поени.

Букер е еден од најдобрите шутери во НБА лигата, а моментно игра во топ-форма. Со просек од 26.1 поен е деветти најдобар стрелец во најсилната лига на светот и против Њујорк игра исклучително добро.

На последните три меча против Никс брилјираше и постигнуваше двапати по 38 поени и еднаш 41. Феникс се уште е во негатива според бројот на победи и порази, но за нив најважно е што Девон игра одлично и што конечно се комплетираа со враќањето на центарот Ајтон.

Санс се фаворити за победа против слабиот тим на Њујорк, а типуваме дека Букер ќе продолжи со екстра ефикасните настапи против Никс.

Предлог тип: >29.5 поени (1.90)

 

Џулиус Рендл (НБА, Њујорк никс – Феникс санс, 01.30 часот)

Њујорк е веќе подолг период во хаос, а сега се најавува дека ќе има нови трампи во тимот што никако не успева да се стабилизира.

Во ваква ситуација Џулис Рендл е единствената светла точка и на него ќе се темели новиот изглед на Њујорк никс. Веројатно од клубот ќе си заминат Маркус Морис и Боби Портис во мини-преодниот рок што се уште е во тек.

Рендл игра одлично, но и тоа е со слаб ефект на резултатите на тимот од Големото јаболко. Има просек од 18.8 поени и е втор стрелец во тимот зад Морис. Ноќеска Маркус нема да игра што му дава подобра позиција на Џулиус лесно да ја исполни квотата од 22,5 поени што е поставена во додатокот за НБА лигата во Sport Life.

Предлог тип: >22.5 поени (1.90)

 

Бојан Богдановиќ (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Јута Џез, 02 часот)

Хрватското крило на Јута Џез вечно ќе го памети дуелот со Њу Орлеанс што се одигра на 7. јануари годинава. Богдановиќ тогаш постигна уникатен учинок што е запишан во историската книга на НБА лигата.

Стана првиот кошаркар во најсилната лига на светот што постигнал 35 поени, без притоа да има ниту една асистенција, скок, блокада и украдена топка. 

Богдановиќ на тој меч беше насочен само кон офанзивата и беше најефикасен на мечот, а Јута победи со 128:126.

И ноќеска повторно ќе се игра во „Смути Кинг Центар“ во Оклахома, а Бојан повторно ќе биде една од ударните игли на џезерите во нападот. И на претходниот меч со Пеликанс беше ефикасен, постигна 28 поени, па ќе типуваме на хет-трик улинок на Хрватот со нов ефикасден меч и над 21 поен, колку што е во понудата на Sport Life.

Предлог тип: >21.5 поени (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести