Ајакс за една секунда загуби 162 милиони евра

Вредноста на амстердамски Ајакс на берзите, за само една секунда падна за цели 20 проценти, а пресметано е дека загубата во пари е 162 милиони евра. Таа секунда е онаа последната од судиското продолжение на натпреварот со Тотенхем, кога англискиот тим даде гол и ги елиминираше „копјаниците“ од Лигата на шампионите.

Шокантниот пораз значи дека Ајакс остана без значителна сума на пари која ќе ја добиеше за пласманот во финалето (лани Реал Мадрид за европската титула заработи 100 милиони евра), а драстично падна и вредноста на акциите.

Акциите на Ајакс имаа голем скок во текот на сезоната, како тимот напредуваше, така и клубот имаше поголема вредност на берзата, акциите се искачија за повеќе од 50 проценти, но тоа е завршена работа.

- Оглас -

Најнови вести