Арсенал си доби засилување од ПСЖ

Лајвин Курзава, дефанзивецот на францускиот првак Пари Сен Жермен, се согласи од следната сезона да го носи дресот на Арсенал. Левиот бек во Лондон ќе дојде како слободен играч бидејќи неговиот договор со Светците истекува на крајот од оваа сезона.

Курзава е играч на ПСЖ од 2015 година, кога дојде од Монако за сума од 25 милиони евра. Сезонава одигра 14 меча за францускиот првак, а има една асистенција. Искусниот 27-годишен играч се согласи со Арсенал да потпише договор на пет сезони.

За Курзава се интересираше и Интер, но сепак, дефанзивецот реши кариерата да ја продолжи во дресот на Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести