Артета: Разочаран сум од резултатот, но горд сум на момците

Арсенал е елиминиран од ФА Купот на Англија, откако на гостувањето кај Манчестер сити загуби минимално со 1:0. Топчиите играа во комбиниран состав и загубија, а тренерот Микел Артета вели дека е задоволен од залагањето на теренот, но посочи дека има мора да се поправат реакциите во некои ситуации.

„Горд сум на момците кои играа. Покажаа дека заслужуваат шанса да се на теренот. Разочаран сум од резултатот, затоа што сакавме да го победиме големиот ривал. ФА Купот е важно натпреварување и сакавме да одиме понатаму. Не се браневме добро во моментите кога го примивме голот и затоа бевме казнети. Имавме некои шанси во првото полувреме, но не ги реализиравме. Ова е меч од кој треба да извлечеме поука. Разочаран сум затоа што се надевав на подобар резултат“, рече Артета по поразот.

Во изминатиов период, Арсенал и кога играл во комплетен состав, резултатски едноставно бил инфериорен во однос на Сити. На 13 од последните 14 меѓусебни дуели, Граѓаните победувале, а тимот од Лондон само еднаш се има израдувана на триумф против овој ривал во последните пет и пол години.

- Оглас -

Најнови вести