Бајиќ виде и добри моменти во мечот на кој постигнавме историски најмалку поени

Селекторот на Македонија, Драган Бајиќ потенцираше дека има нашата репрезентација имала и добри, но и лоши моменти на дуелот против Шпанија, во кој Црвената фурија победи убедливо со 80:44.

„Честитики за Шпанија за победа и благодарност за гостопримството. Знаевме дека е голем фаворит на овој меч, имавме краток период за тренирање, ни недостасуваа неколку играчи во ротација. Имаше и добри моменти од кои можам да бидам задоволен, имаше и лоши моменти кои мора да ги корегираме ако сакаме да одиме напред. Мислам дека квалитетот и физичката подготвеност на Шпанија се на подобро ниво, што е причина така лесно да стигнат вака убедлива. Тимот кој го водам не е нивно ниво, не реагиравме на агресивната одбрана. Во првата четвртина делувавме  добро, но потоа ја изгубивме енергијата, втората четвртина го покажа квалитетот на Шпанија. Исто и скоковите кажуваат за ваква репрезентација станува збор“, вели Бајиќ анализирајќи го мечот.

И покрај високиот пораз, селекторот верува дека во иднина резултатите на Македонија ќе бидат подобри.

„Ме радува атмосферата во екипата, хемијата што ја има. Некои работи кои се од минатото ќе мора да ги менуваме ако сакаме да играме подобри., Верувам во овие момци, се надевам дека ќе бидат подобри и во иднина ќе бидеме подобри, кога ќе бидеме комплетни. Ќе ја бараме шансата против тимови кои се на наше ниво“, додаде Бајиќ.

Со 44 постигнати поени, Македонија постави негативен рекорд по број на најмалку постигнати поени на еден меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести