Билетите за европската пресметка во Катар на црно чинат речиси колку годишни просечни плати во Македонија

Пласманот во четвртфиналето на Гордиот Албион предизвика еуфорија во Англија и за утрешната пресметка со Франција се очекува на трибините на „Ал Бајт“ стадионот да има околу 15.000 англиски фанови поради што цените на билетите растат од минута во минута.

Се очекува поголем дел од фановите да допатуваат без билети, и за да се најдат на трибините на „Ал Бајт“ стадионот, се подготвени да платат вистинско богатство.

Се проценува дека во продажба останале само билети за ВИП местата кои може да се набават од фудбалските федерации, но за нив е потребно да се издвојат 7.800 евра. Веќе се продадени редовните билети за утрешното големо европско дерби кои чинеа помеѓу 100 и 170 евра.

Бидејќи веќе ги нема на редовните места, на навивачите им останува до билет да дојдат на црно, но цената на билетите скока од час во час, и моментално се движи помеѓу 4.000 и 10.000 долари. Втората сума е речиси двегодишна просечна плата во Македонија според заводот за статистика.

- Оглас -

Најнови вести