Битолчани прерано се предадоа против Рајн Некар

Еурофарм Пелистер остана само со еден бод во три настапи сезонава во ракометната ЕХФ Европска лига откако вечерва беше убедливо поразен од Рајн Некар Левен со 28-20. Германците по првото полувреме имаа предност од 14-11, но во вторите 30 минути беа многу подобри и впечаток е дека македонскиот тим прерано се предаде.

Јосип Периќ со 5 гола беше најефикасен кај Е. Пелистер, Матео Мараш даде 4, а Стипе Мандалиниќ не погоди ниту еден од неговите шест обиди кон голот на противникот.

- Оглас -

Најнови вести