Браќата Кличко ќе земат оружје в рака, но велат: во оваа војна ќе нема победници, туку само губитници!

Едни од најпознатите украински спортисти, некогашните боксери Владимир и Виталиј Кличко, најавија дека ќе земат оружје в рака и ќе се вклучат во борбата за одбрана на нивната земја, но порачаа дека во оваа бесмислена војна ќе има само губитници, а не и победници.

Виталиј, кој е градоначалник на Киев, и неговиот брат беа снимени како даваат изјави и мислење за состојбата во Украина.

„Ги повикуваме меѓународните партнери да ја видат оваа трагедија што се случува во Украина. Ова е бесмислена војна во која нема победници, туку само губитници. Мора да бидеме обединети против оваа руска агресија“, рече Владимир Кличко.

Градоначалникот Виталиј во интервју за британска телевизија рече дека нема друг избор освен да земе оружје и да се бори.

- Оглас -

Најнови вести