Бразил и Ал-Хилал стравуваат, за Нејмар можеби сезоната е завршена (Видео)

Лекарот на бразилската репрезентација не сакаше да дава точни прогнози и дијагнози за степенот на повреда на Нејмар, најави дека денеска повторно ќе му бидат направени тестови, по што ќе се знае тежината на повредата на коленото.

Првите прогнози се дека има сериозно истегнување, но уште не е исклучено да има и скинати лигаменти, што би значело и многу подолга пауза.

Ѕвездата на Бразилците на гостувањето кај Уругвај го повреди коленото и со големи болки на носила беше изнесен од терен.

Ако треба да паузира 6-9 месеци, тоа би било лошо и за клубот Ал-Хилал и за репрезентацијата бидејќи за осум месеци почнува Копа Америка.

По мечот, Нејмар од соблекувална излезе на патерици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести