Џејмс е казнет со еден меч, Стјуарт доби дупла порција за крвавиот инцидент во Детроит (Видео)

Леброн Џејмс е казнет со еден меч неиграње, а Ајзеа Стјуарт доби дупла порција од НБА и нема да игра на следните два меча поради инцидентот што се случи завчера на дуелот меѓу Детроит пистонс и Лос Анџелес лејкерс.

Џејмс со лакт го удри играчот на Детроит в лице и го раскрвари, а потоа Стјуарт збесна и се обиде физички да се пресмета со ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс.

Имаше голема мешаница на теренот, а потоа и двајцата кошаркари беа исклучени.

По мечот, Џејмс изјави дека ќе го побара бројот на телефонот на Стјуарт за да му се извини за ударот со лакт, со кој го повреди 20-годишниот кошаркар на Детроит.

 

- Оглас -

Најнови вести