Ди Марија со една финта му покажа на Роналдо дека малку „зарѓал“ (Видео)

Екипата на Ал Наср доби уште една фудбалска лекција на контролен меч против екипа од Европа. Тимот во кој настапува Кристијано Роналдо прво загуби со 5:0 од Селта Виго, а синоќа загуби со 4:1 од португалскиот гигант Бенфика.

Во редовите на Бенфика беше искусниот Анхел Ди Марија, кој покажа дека е во одлична форма. Аргентинецот постигна еден гол, а имаше и еден потег кој го одбележа мечот.

Ди Марија успеа со еден потег да го исфрли Кристијано Роналдо од игра, а Португалецот потоа во немоќ направи прекршок.

Голот на Ди Марија беше навистина фантастичен.

https://twitter.com/i/status/1682119899768840193

- Оглас -

Најнови вести