Домаќините на СП им посакаа среќа на „црвено-жолтите“

Организаторите на Светското првенство во ракомет се потрудија на селекциите кои учествуваат да им биде попријатно кога првпат ќе се појават во сала и на семафорот им испишаа порака за добредојде. Македонската репрезентација вчера пристигна во Минхен, а утре од 15.30 часот против Јапонија го почнува настапот на СП во Германија и Данска.

Ракометарите денеска ќе тренираат еднаш, по што селекторот Раул Гонзалес ќе одреди кои 18 ракометари утре ќе се појават на терен, а кои двајца ќе гледаат од трибините.

Македонија се наоѓа во групата Б заедно со Хрватска, Шпанија, Исланд, Бахреин и Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести