Дончиќ доби удар со колено во лице, Словенецот лут на судиите (Видео)

Лука Дончиќ во текот на целата сезона покажува дека е речиси невозможно да се сопре кога ке тргне кон кошот. На последниот меч против Индијана, Словенецот даде 36 поени, имаше 10 скока и само две асистенции му недостасуваа да комплетира трипл-дабл. И покрај феноменалната игра на Дончиќ, Далас загуби, а Словенецот беше лут на судиите, кои не го штителе доволно.

На почетокот на втората четвртина Дончиќ тргна во напад, кога на него налета Едмонд Сумнер. Играчот на Индијана мислеше дека Дончиќ ќе шутира и ќе скока да го изблокира. Лука направи финта и тргна кон кошот на противникот, но успеа да стигне само до коленото на противникот. Словенецот падна на паркетот, но, за среќа, не беше посериозно повреден, иако ударот воопшто не беше наивен.

https://twitter.com/i/status/1236799289914839041

Тој удар во главата на Дончиќ не беше единствен на мечот. Лука вкупно трипати беше удрен во лицето, а пред крајот на мечот беше и раскрвавен по дуелот со Виктор Оладипо. По мечот, Словенецот беше лут на судиите.

„Трипати ме удрија во лицето, а судиите само еднаш досудија намерен фаул. Во два случаи не ни досудија фаул“, луто реагираше Дончиќ по мечот со Индијана.

 

- Оглас -

Најнови вести