Дончиќ е како Џинобили, 90% oд одлуките му се точни

Лука Дончиќ ноќеска брилјираше иако неговиот Далас претрпе пораз од Шарлот на домашен терен со конечни 120:123 по продолжението. Сензационалниот словенечки кошаркар постави рекорд за најмногу трипл-дабл во историјата на франшизата, а мечот го заврши со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Џејмс Борего, тренерот на Хорнетс имаше само пофални зборови за младата ѕвезда на Маверикс, а воедно го спореди со легендарниот Ману Џинобили.

„Начинот на кој влијае врз НБА лигата на овие години говори колку Дончиќ е посебен. Игра сталожено, зрело, а тие особини се ретки кај млади кошаркари. Но, тој веќе долго време е професионалец, има искуство со топката. Ме потсетува на Ману Џинобили. Кога дојде во Сан Антонио беше малку постар од Лука, но исто така искусен. А, Дончиќ има 90% точни одлуки, мислам дека повеќе му прилега да игра во финиш од средбата отколку на самиот почеток“, истакна Борего.

- Оглас -

Најнови вести