Дончиќ се враќа на паркетите

Лука Дончиќ ноќеска ќе се врати на НБА-терените во дуелот против Сакраменто кингс. Актуелниот најкорисен новак во Лигата ги пропушти изминатите седум средби на Маверикс поради повреда на глуждот, односно ја обнови повредата со која се здоби во декември минатата година.

Дончиќ вчера одработи цел тренинг на тимот, а по него истакна дека е подготвен за настап против Кралевите. Тоа значи дека сензационалниот словенечки кошаркар ќе биде во натпреварувачки погон во пресрет на Олстар-викендот.

Далас без Дончиќ во последните седум меча забелажа три победи и четири порази, а неговото враќање несомнено ќе биде од голема корист за екипата која ја предводи Рик Карлајл. Оваа сезона Лука во просек бележи 28,8 поени, 9,5 скока и 8,7 асистенции по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести