Досега ова не се случило: Неверојатен резултат на Светското првенство за жени во ракомет

Светското првенство во ракомет за жени кое во моментов се одржува во Шпанија носи навистина неверојатни резултати.

Таков еден ни доаѓа од натпреварот меѓу Холандија и Казахстан каде што „лалињата“ постигнаа неверојатни 61 погодоци.

Тоа му доаѓа во просек по нешто повеќе од еден гол во секоја минута, нешто што не е видено до сега, барем во врвниот машки и женски ракомет.

А интересно е што грото од погодоците, односно дури 34, дојдоа во вториот дел.

Најефикасна на оваа средба беше Ван Ветеринг со 18 погодоци и самата имаше повеќе голови од целата селекција на Казахстан.

Огромните разлики во квалитет го прават своето бидејќи ИХФ од овој шампионат одлучи да имплементира 32 селекции, што наиде на големи критики во ракометната јавност.

- Оглас -

Најнови вести