Двајца играчи од Европа со најмногу гласови за олстарот на НБА

Лука Дончиќ на Западот и Јанис Адетокумбо на Истокот се кошаркарите кои во моментов имаат собрано најмногу гласови за олстар-натпреварот во НБА-лигата. Словенецот и Гркот се фаворити на навивачите и прават нешто што беше незамисливо во минатото. Освен тие двајца, над еден милион гласови има само уште Леброн Џејмс.

Адетокумбо од Милвоки бакс е во убедиво водство на Истокот и има големи шанси да биде капитен на својот тим. Дончиќ ја игра својата втора сезона во најсилната лига на светот, но воодушевува со своите игри и фановите го препознаа тоа, па масовно му даваат гласови.

Гласовите од навивачите вредат 50 проценти, а по 25 отсто даваат играчите и новинарите, додека резервте ги бираат тренерите. Изненадување претставува и појавувањето на џинот Тако Фол, кој одигра само три меча сезонава, но шести е на Истокот меѓу центрите и крилата по број на гласови.

Гласањето трае до крајот на јануари, па можно е да има измени во редоследот.

- Оглас -

Најнови вести