Е така НБА го чува „злато“ вредниот Дончиќ: Казна од 35.000 долари за играчот кој сакаше да се тепа со Словенецот (Видео)

НБА-лигата упати едноставна порака, а тоа е да не се задевате со играчот кој треба да е иднина во најсилната лига во светот, Лука Дончиќ. Маркус Крис, крилото на Голден стејт, на своја кожа почувствува дека треба да има поголем респект кон една од главните ѕвезди во лигата.

Крис заработи парична казна од 35.000 долари поради намерно туркање на Дончиќ кон фотографите кои седеа под кошот. Лука и Маркус се бореа за освојување на топката, а во еден момент играчот на Голден стејт го оттурна Словенецот.

За среќа, Дончиќ не беше посериозно повреден, но казната за потегот на Крис треба да биде поука за сите играчи во НБА.

 

- Оглас -

Најнови вести