Египет приреди спектакуларно отварање на ракометниот Мундијал и го победи Чиле на премиерата

Египет приреди спектакуларно шоу на отварањето на ракометното Светско првенство, а потоа во премиерата на Мундијалот го победи Чиле со 35:29.

Честа први да играат на Светското првенство стандардно им припадна на домаќините и овојпат на селекцијата на Чиле, и двете конкуренти на Македонија во првата фаза од шампионатот.

Египет доминираше во текот на целиот меч, а победникот веќе се знаеше по првото полувреме, што им припадна на популарните Фараони со 18:11.

Египет има големи амбиции, а ќе игра со Македонија во второто коло од нашата група на 16 јануари од 18 часот.

Со Чиле ќе играме два дена подоцна, а за нас премиерата е со Шведска, утре во Каиро од 20.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести