Федерер се штеди – На земја ќе игра само на Ролан Гарос

Роџер Федерер штеди сили и сезонава ќе игра само на еден турнир на земјена подлога, на најважниот во Париз, на Ролан Гарос.

Одлуката ја соопшти неговиот агент Тони Годсик, кој демантираше дека Федерер ќе игра и на турнирот од Мастерс серијата во Мадрид.

„Роџер има зацртано распоред и ќе игра само на Ролан Гарос“, изјави Годсик. Тоа значи дека покрај публиката во Мадрид, големиот тениски ас нема да го видат и неговите фанови во Рим, каде што се игра уште еден турнир од Мастерс серијата.

Федерер е веќе ветеран и влезе во 39-та година од животот, па разбирливо е зошто ги редуцира турнирите на подлогата што му е најнеомилена и има најмалку титули од вкупно 103-те што ги освои досега во богатата кариера.

 

 

- Оглас -

Најнови вести