Го изеде грижа на совест: Гобер донира 500 илјади долари во борбата против коронавирусот

НБА лигата, како и останатите првенства во САД ги прекинаа актуелните сезони откако коронавирусот се прошири и меѓу спортистите. Прв случај на заразен беше несовесниот Руди Гобер, кошаркарот на Јута џез, а по него во карантин влегоа и неговиот соиграч Донован Мичел, како и членот на Детроит Кристијан Вуд, кој наводно токму од Гобер го префатил вирусот исто како и Мичел.

Поради несовесното однесување Гобер го изеде грижа на совест, само неколку дена да биде тестиран го исмејуваше коронавирусот, па затоа одлучи да донира 500.000 долари во борбата против Ковид-19. Новинарот на „ЕСПН“ Зек Лов ги откри деталите каде ќе биде донирана споменатата сума.

Гобер ќе помага на вработените во „Џез арена“, на сите погодени од коронавирусот во областа на Јута и Оклахома, додека 100.000 евра ќе бидат наменети за здравствениот систем во Франција. Инаку вакви донации претходно направи Кевин Лав, по што целата НБА лига се пушти во акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести