Гол што вреди многу – Погледнете ја магијата на Ибраими, донесе спектакуларен меч со Тотенхем во Скопје (Видео)

Бесарт Ибраими повторно потврди дека е фудбалски велемајстор, а голот со лоб што го постигна во третата минута против Ботошани ќе конкурира за најубав во четвртфиналната квалификациска рунда за настап во Лигата на Европа.

И донесе многу радост за Шкендија и спектакуларен нов меч во филтер-рундата за настап во фаза по групи во Лигата на Европа.

https://www.youtube.com/watch?v=4cKvvjMNBoU&feature=emb_logo

Во Скопје на националната арена „Тодор Проески“ на 24 септември ќе гостува англискиот гигант Тотенхем предводен од Жозе Мурињо, а повторно се игра еден меч за пласман во финалето од квалификациите за ЛЕ.

Тотенхем со многу мака победи во Пловдив против Локомотив со 2:1, па Шкендија не е без шанси, иако е јасно дека Англичаните се фаворити.

- Оглас -

Најнови вести