Чешка ќе биде значително ослабена на Мундобаскетот кој годинава ќе се одржи во Кина почнувајќи од 31 август. Нивниот најдобар поединец Јан Весели ќе го пропушти светскиот кошаркарски собир поради што и натаму се мачи со повредата на коленото од која веќе подолго време се обидува да закрепне.
„За жал, не ќе можам да патувам со репрезентацијата во Кина. Нормално дека здравјето ми е поважно и морам прво да го излечам коленото за да можам да се вратам на паркетот. Многу се радував што ќе играм со мојата Чешка на СП, но повредата ме оневозможи да помогнам на тимот“, истакна Весели.
Без центарот на Фенербахче, Чешка ќе има исклучително тешка задача да се пласира во нокаут фазата, бидејќи нејзини противници во групата Е се актуелните светски прваци САД, Турција и Јапонија.