Голманот сакаше да биде стопер, па прими гол од пола терен (Видео)

Мепен со 1:0 победи на гостувањето кај Дуизбург во меч на кој беше постигнат еден погодок кој ретко се гледа. се играше 21 минута кога беше досуден фаул за гостите некаде на средината од игралиштето.

Голманот на Дуизбург излезе далеку од гол линијата и се обидуваше нешто да ги советува бековите, кога Давид Блаша го изведе слободниот удар и шутираше директно во празната мрежа. На крајот, токму овој погодок се покажа како клучен за радост на гостите во мечот од третата Бундеслига.

 

- Оглас -

Најнови вести