Ѓорческа се сопна на последниот чекор – Пораз во финалето во Трнава

Лина Ѓорческа не успеа да го направи и последниот чекор кон титулата на ИТФ фјучрс турнирот во Трнава и го загиби финалето со 0:2 во сетови од руската тенисерка Софија Лансере.

Македонската претставничка сепак забележа одличен успех, бидејќи турнирот го почна во квалификациите, а стаса до финалето и мечот за трофејот.

Во завршниот меч Лансере успеа да поведе со 1:0 во сетови, откако беше подобра со 6:2, а потоа го заврши мечот и ја освои титулата добивајќи го вториот сет со 6:3.

Ѓорческа го играше вториот турнир сезонава, по настапот во Штутгарт, каде загуби во втората рунда.

- Оглас -

Најнови вести