Гвардиола испрати честитки до Ливерпул за освоената титула… Во септември! (видео)

Навивачите на Ливерпул денес имаа две причини да се радуваат на резултатите во петтото коло во Премиер лигата. Нивните Црвените триумфираа со 3-1 против Њукасл во меч во кој Мане и Салах беа на ниво на задачата, додека неколку часа подоцна ја славеа и шокантната победа на Норич против актуелниот првак Манчестер сити.

Канаринците со конечни 3-2 им го нанесоа првиот пораз на Граѓаните сезонава, па така му помогнаа на Ливерпул да ја зголеми бодовната предност во однос на Сити на пет бода.

По дуелот на „Кероу роуд“, менаџерот на Сити Пеп Гвардиола, саркастично им ја честиташе титулата на Ливерпул, иако сезоната е дури на почеток и се одиграа само пет натпревари. Неговата реакција беше предизвикана по провокација на прашање на еден од новинарите.

„Во септември сме, но ако сакате да биде така тогаш во ред. Честитки за Ливерпул за освоената титула, тие се новите шампиони. Точно дека досега останавме без пет бода, но ова е само почеток на сезоната, затоа продолжуваме понатаму“, изјави Гвардиола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести