Шефот на Ферари, Фредерик Васер, откри повеќе детали за договорот на Луис Хамилтон со Скудерија.
Французинот рече дека договорот на седумкратниот светски шампион му е на три години и е до крајот на сезоната 2027. Кога Хамилтон потпиша, беше кажано само дека договорот е „повеќегодишен“, а сега се знае точно и на колкав период.
„Луис е важен симбол бидејќи испраќа позитивна порака за иднината на тимот. Тој мораше да направи избор и да се запраша: Каде имам најголеми шанси да го освојам шампионатот во 2025, 2026 или 2027 година? Одговорот му беше Ферари“, изјави Васер.
Доколку Хамилтон го одработи целиот договор со Ферари, тоа би значело дека Британецот ќе се трка барем до својата 42-годишна возраст.