Херојски меч на скопјанецот Козлов: Падна во грч, но собра сили да го победи најдобриот бугарски тенисер (Видео)

Стефан Козлов направи големо изненадување на АТП-турнирот во Акапулко, Мексико откако успеа да го елиминира Григор Димитров. Козлов, кој е роден во Скопје, а игра под знамето на САД, по голема борба, го победи најдобриот бугарски тенисер со 7:6 (10), 5:7, 6:3.

Мечот траеше три часа и 18 минути, а Козлов беше исцрпен, па пред крајот на мечот дури падна на теренот поради грч во нозете. Се играше поен кој Козлов го доби и со кој направи брејк во решавачкиот трет сет за 5:3, но во истиот момент, тенисерот падна.

Реагираа лекарите, Козлов успеа да се врати на теренот, го доби и следниот гејм и тоа значеше победа на 130-тиот тенисер во светот. Димитров е дури за 97 позиции подобро пласиран на АТП-листата, но Бугаринот не можеше да го победи 24-годишното момче родено во Скопје.

https://twitter.com/i/status/1496001343215083520

- Оглас -

Најнови вести