Ибра сакаше да се вакцинира во Белград, од Милан не му дозволија

Популарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ одлучи во Србија да прими вакцина против корона-вирусот, се распрашуваше кај Дејан Станковиќ околу процедурата, сите работи беа договорени, но работата пропаднала во последен момент.

Челниците на Милан му забраниле на Ибра да отпатува во главниот град на Србија и да ја прими првата доза од избраната вакцина. Росонерите имаат посебен протокол, тие им забрануваат на своите играчи да ја напуштат Италија.

Претходно, претседателот на Удинезе доби вакцина против ковид-19 во Белград, а и во тој случај посредуваше Станковиќ, кој е тренер на Црвена ѕвезда. Златан не се откажал од идејата за вакцинирање во Белград, но ќе мора да чека дозвола од клубот со кој го продолжи договорот и за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести