Игра фудбал Македонија, стартна победа од 3-1 против Летонија (Видео)

Македонија игра одличен фудбал, а го продолжи континуитетот одлични настапи со стартна победа од 3-1 против Летонија во новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП во 2020 година.

Игравме модерно, брзо, течно, особено во првото полувреме, кога се играше постојано на противничката половина. Викторија најави Езџан Алиоски со гол во 11-тата минута, а потоа имавме уште неколку шанси за нов погодок.

Славеникот Горан Пандев можеше да се запише во листата на стрелците на стотиот меч за него во дресот со национални бои, а среќа немаше ниту Ферхан Хасани.

Но, затоа не можеше да ни побегне нов погодок во 29-тата минута, по акцијата што ја почна Пандев, ја продолжи со удар кон голот Несторовски, а ја заврши Елиф Елмас со прецизен удар од близина.

Доминацијата на домаќинот продолжи, имаше тотална офанзива до крајот на првиот дел и уште неколку шанси од која најзрелата повторно ја имаше капитенот. Пандев мајсторски си направи простор, биеше во аголот, но Ванинс со прекрасна парада не дозволи 3-0 за Македонија и славенички погодок за нашиот најдобар фудбалер.

Во второто полувреме малку и спласна темпото, а гостите притиснаа во финишот и успеаја да постигнат почесен гол. Исајевс погоди во 87-мата минута и се закани со изненадување.

Сепак, Македонија постигна уште еден гол во самиот финиш, кога Елмас мајсторски погоди и слави прва победа во новиот квалификациски циклус за настап на ЕП следната година.

- Оглас -

Најнови вести